Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беа доделени наградите од конкурсот за поетски творби кој заедно со Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес го распишаа по повод Нова година на темaтa: „Новогодишна магија во секој дом”.
Наградените добија и новогодишно пакетче од Здружението на пензионери од Велес.
Пред присутните своја точка одиграа учениците од петто одделение од ООУ „Васил Главинов“-Велес, под менторство на наставничките Лилјана Миланова, Виолета Гемишова, Биљана Димовска- Стојкова, Анита Ѓошева, Марјана Самарџиева и Мирјана Танчева.