Ева Дејановска и Нена Стојковска лауреати на Детските Рацинови средби

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 54-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Детски сништа во мугрите“ . Градоначалникот Колев ги поздрави младите поети и уметници и порача нивната младост да биде чувар на името на Рацин.

„Вие сте авангардата што преку стих раскажува за безвремениот поет, а светот одново и одново ќе дознава за Велес и Македонија. Ви посакувам денов да Ви остане во долго паметење и да Ве исполнува со непресушна творечка инспирација. Каде и да одите, што и да правите секогаш понесете од Рациновската љубов за да може светот да се прегрне преку неа. Кога и да ни дојдете пак, Велес одново ќе Ви се израдува. 54 Детски Рацинови средби ги прогласувам за отворени“, рече Колев.

Градоначалникот Колев им ги врачи наградите на добитниците на Гран при наградите на најдобрите дела од литературниот и ликовниот конкурс. Добитник на наградата Гран-при на Литературниот конкурс е деветтоодделенката Ева Дејановска од Гостивар, добитник на Гран при наградата на ликовниот конкурс е средношколката Нена Стојкоска од Гевгелија.

И годинава стиховите на Рацин беа инспирација на над стотина ученици од повеќе градови во државата кои се јавија на литаратурниот конкурс, но и на голем број талентирани ликовни уметници кои твореа инспирирани од Рацин. На авторите на најдобрите литературни и ликовни творби им беа доделени награди од издавачката куќа „Просветно дело“.

Свеченото отворање на 54 Детски Рацинови средби беше збогатено со изведбата на членовите на балетското студио „Анабела“.

Во рамки на одбележувањето на 54 Детски Рацинови средби, во Ликовниот салон се одржа и промоција на четири книги на автори на детска литература.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...