Книгата доживеана како најдобар пријател на детето

По повод Светскиот ден на литературата за деца, 2 април, Локалната Библиотека „ГоцеДелчев“ Велес во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“-Велес, организирашес редба со роднокрајни писатели за деца.

На средбата присуствуваа писателите Марина Манчева-Стојанова, Славјанка Љуткова, Наташа Брезовска-Богоевска и илустраторката Евгенија Андреева.

Модератори на средбата беа учениците од ООУ„ Блаже Конески“ Лука Панов и Бојана Миланова, а средбата ја отвори директорката на Библиотеката Павлина Најдова. Писателите го претставија своето творештво пред учениците од четврто одделение под раководство на наставничките Величе Милошевска и Андријана Јорданова од ООУ„ Блаже Конески“ Велес.

На задоволство на сите средбата помина во одлична атмосфера, заедничка соработка и младите читатели си заминаа со прекрасни импресии од средбата и со својот старонов пријател-книгата.

 

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...