Промоција на книгата „Невообичаен Велигден“ од авторот Емилија Златкова-Анастасова

На 23.05 2022 година во Медијатеката беше промовирана книгата „Невообичаен Велигден“ од авторот Емилија Златкова-Анастасова, во организација на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес.

„Невобичаен Велигден“ е третиот дел од трилогијата, покрај книгите „Близнаци“ и „Каде е Емили“.

„Велат дека најдобрите романи се напишани од животот. Такви се романите на Емилија, говорат за живот, го сликаат животот, од сите негови агли Животот не е бајка, како што самата авторка вели,  но сепак е вреден да се живее. Животните приказни се предадени со сите лоши и добри страни,без разубавување, каков што впрочем е и нејзиниот стил на пишување, едноставен, ненаметлив, разбирлив, дури и оние метафорични прикази се умешно употребени да го наведат читателот дека сѐ во животот има некаква поврзаност“ изјави промоторот на книгата Наташа Брезовска – Богоевска.

Големината на човекот е во делата што ги прави за другите луѓе, а не во делата што ги прават за него“ изјави авторот на книгата Емилија Златкова-Анастасова.

Настанот го отвори директорката Павлина Најдова, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска, а земаа учество и учениците Марија Ивановска и Матеј Зашовски од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со свои музички точки.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...