ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ФАКЕЛ ВЕЧНО ШТО ЌЕ СВЕТИ“ ОД МАРИНА СТОЈАНОВА

На 20ти јуни во 19 часот, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на најновата поетска збирка на велешката поетеса Марина Стојанова „Факел вечно што ќе свети“ посветена на големиот поет Коста Солев Рацин.

Оваа книга е продолжување на минатогодишната збирка на Стојанова „Ти во нашите мисли“ кој Стојанова ја издаде со цел чествување на името на големиот поет. За оваа цел, промотивен говор имаше поетесата Нада Алексоска, а стихови од збирката читаше Игор Чоков.

Со оваа промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и оваа недела го продолжува чествувањето на јубилејот 50 години „Рацинови средби“, а најавуваат дека и во наредниот период ќе организираат културни збиднувања со цел што подолго да трае јубилејната еуфорија.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...