ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НАСПРОТИ ВЕТРОТ“ ОД ПАВЛИНА КЛИМКАР МЕАНЏИЕВА

Во рамките на културната манифестација „Топол културен бран“, а во организација на Локалната библиотека и Општина Велес, на 29ти јули во Ликовниот салон во Велес со почеток во 20 часот, се одржа промоција на најновото поетско остварување „Наспроти ветрот“ на еминетната велешка поетеса Павлина Климкар Меанџиева. Како што и самата поетеса нагласи на промоцијата, станува збор за стихови напишани за кратко време, буквално во еден здив поради ситуација во нејзиниот живот која предизвикала силни емоции и чувства.

Делото се карактеризира со силни емоции, љубов и се разбира силакоја претставува двигател во животот.

Промотор на книгата беше велешкиот поет и писател Игор Крајчев, кој не штедеше суперлативи за д ја истакне големината во стиховите на Климкар Меанџиева, притоа давајќи и го епитетот легенда во современата македонска книжевност.

Стихови од стихозбирката „Наспроти ветрот“ на присутните им прочита велешката актерка Слободанка Чичевска.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...