Се навршуваат 113 години од раѓањето на Кочо Рацин

На 22 декември пред 113 години   е роден  КОСТА СОЛЕВ РАЦИН , авторот на стихозбирката „Бели мугри“  поради која се смета за основоположникот на современата македонска литература . Кочо Рацин е роден во Велес , 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви.

Поради сиромаштија го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели и мислители.

Псевдонимот Рацин го зел по неговата љубов Рахилка Фирфова Раца  на која и ги посветил стиховите од „Антологија на болката“. Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо се раширила меѓу македонското население.

Во 1941 година Рацин работел во Софија, но по смртта на Коле Неделковски, бил гонет од софиската полиција, па избегал во Скопје. Тука работел во Народната библиотека, а живеел илегално. Малку подоцна се вклучил во партизанските одреди. Го издавал весникот „Илинденски пат“. Загинал  на 13.6.1943 година, на планината Лопушник.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...