Сто години од раѓањето на Блаже Конески

На 19 декември, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ.

Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав.

Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат „Земја и љубовта“, „Песни“, „Везилка“, „Лозје“, „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Светото на песната и легендата“ и други.

Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“.

Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1981 година.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...