Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин “, авторот Ѓорѓи Мешков од Кавадарци ги промовираше своите три дела пред велешката публика.
 
 
Станува збор за книгата раскази „Беше еднаш во Ваташа“, во која авторот ги отсликува своите ваташани во едно време од неговото незаборавно детство. Незаборавот за дванаесетте млади херои и за нивната маченичка смрт, го зазема почесното место во ова дело.
 
 
Романот „Отуѓување“, напишан според вистинска приказна, која ја пренесува потресната животна битка на кавадарчанецот Бранко Брковиќ, кој шест години се бори со центрите за социјални работи за да си го гледа синот, но не успева во тоа, поради што детето постепено се отуѓило од него.
„Два аманета“ е посветена на неговата покојна сестра д-р Катерина Маневска.
 
 
Со своја музичка точка настапија Пеачката група при Здруѓението на пензионери, Велес. Со своите афоризми публика ја насмеа Атанас Крлевски.
Извадоци од книгите читаа учениците од ООУ „Васил Главинов“, Мартина Крстевска ,Мартина Ристовска и Изабела Димкова под менторство на Каролина Попова.
 
 
Свој настап имаше и Дел од Класата на традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес и ја изведоа композицијата Одено оро, под менторство на Проф. м-р Трајче Малинов. Настапија Андреј Бошев, Андреј Ацевски Петар Петрушев.