Секоја година на 26 септември, Европа го слави Европскиот ден на јазиците, иницијатива која го промовира јазичното богатство и културната разновидност на континентот. Овој ден е воспоставен од Советот на Европа во 2001 година, со цел да се поттикне изучувањето на јазиците и да се подигне свесноста за значењето на мултилингвизмот.
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес го одбележа 26 септември – Европскиот ден на јазиците со настан на кој ученици од сите основни и средни училишта од градот, СОУ Гимназија “Кочо Рацин” – Велес, Осу Јовче Тесличков Велес, ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, ССОУ Коле Неделковски Велес, ООУ ,,Рајко Жинзифов” – Г. Оризари, Велес, ООУ „Васил Главинов“-Велес, ООУ Стојан Бурчевски Буридан – Иванковци, ООУ Кирил и Методиј, ООУ Панко Брашнаров, ООУ „Блаже Конески“ – Велес со свои настапи ги промовираа јазиците кои се изучуваат во училиштата.
Учениците на крај изработија постер на кој зборот “мир”, го запишаа на неколку европски јазици.