Нагонот за уништување што го има човекот не познава граници. Девојка се бори за гол опстанок, прогонувана од маскираните, но нешто кобно и мистериозно се крие зад маските. Постои ли начин да се избега од маските, а притоа да се зачува човечноста? Дали нагонот за преживување е доволно силен за да се спротивстави на маските?
Промоција на книгата „Назабени“ од Викторија Јовановска, дипломиран филилог по општа и компаративна книжевност.
Промоцијата ја отвори Директорката Снежана Бошевска искажувајќи задоволство што една млада велешанката е ново име на литературното небо, охрабрувајќи ја да продолжи да твори и понатаму.
Промоторот Анде Јанков во своето излагање го истакнаа значењето на нејзиниот дебитантски роман. Потенцираше дека Викторија се покажува како исклучително талентирана и со голема сигурност во себе зачекорува во овој литературен жанр како веќе докажаните автори. Во прв момент изгледа како хорор приказна, но романот има поголема вредност, која што на крајот читателот ќе ја осознае.
Романот е во издание на Издавачка куќа „Збор“. Самиот наслов буди љубопитност за содржината на книгата и неговата двосмисленост умее да не замисли.