,,Во ред е, истовремено да се биде тажен и радосен”- им порача норвешката авторка Хилде Миклебуст на романот ,,Распарчени“, во издание на Бата прес на средбата со младите читатели од основните училишта во Библиотеката во Велес.

Rasparceni Hilde -5

Промоцијата се одвиваше преку интерактивна дискусија меѓу авторката и младите читатели.

Авторката сподели моменти од настанувањето на романот, градењето на карактерите на ликовите ,како и вистинската причина за содржината на романот, загубата на нејзиниот пријател Аре.

Таа беше воодушевена од креативните и проникливи прашања на младите читатели кои го имаа прочитано романот.

По оваа средба се надеваме дека ќе продолжи успешната соработка помеѓу авторите, издавачките куќи и училиштата во интерес на младите.