Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 55-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Рацин-поет на љубовта и болката“.

И годинава стиховите на Рацин беа инспирација на над стотина ученици од повеќе градови во државата кои се јавија на литаратурниот конкурс, но и на голем број талентирани ликовни уметници кои твореа инспирирани од Рацин.

Градоначалникот Колев им ги врачи наградите на добитниците на Гран при наградите на најдобрите дела од литературниот и ликовниот конкурс. Добитник на наградата Гран-при на Литературниот конкурс е Јана Костовска од Скопје, под менторство на проф. Снежана Станкова,    наградата за песна на тема „Рацин поет на болката и љубовта“ , добитник на Гран при наградата на ликовниот конкурс е Даниела Теова од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Снежана Стефановска.

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, доби Благодарница за посебен придонес и поддршка во реализацијата на „55 Детски Рацинови средби“.