Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.
 
Извадоци од романот читаше Елена Хаџиева. Пред публиката свој настап имаа и учениците Татјана Богдановска, Стефан Ракиџиев и Кристијан Коцевски од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со свои музички точки.
 
 
Критички осврт на романот преку промотивна реч говореше промоторот на книгата Наташа Брезовска Богоевска.
Авторот Ленче Китанова им се заблагодари на сите присутни на промоцијата и на сите им подари примерок од романот.