Промоцијата ја отвори Директорката Снежана Бошевска искажувајќи задоволство што на литературното небо Ивана е ново име со прво свое дело, охрабрувајќи ја да продолжи да твори и понатаму.
Промотори беа: Проф.д-р Кристина Николовска раководител на македонската катедра при Филолошкиот Факултет во Скопје и литературен критичар и нашиот велешки автор Игор Крајчев. За авторката зборуваше и Моника Матовска дипломиран професор по македонски јазик и литература и основач на Храмина, блог за македонска и светската литература и платформа за јазични теми со кои се крева свеста за посебноста на македонскиот јазик.
Секој од својата стручност го истакнаа значењето на оваа збирка раскази. Потенцираа дека се работи за еден импресивен збир од раскази којшто покрај тоа што е многу едноставен истовремено е и крајно необичен. Сите се потврдија дека Ивана е исклучително талентирана.
Промоцијата со музички точки ја збогатија учениците Ангел Богоевски и Михаил Петковски.