Граѓанското здружение „Глам Македонија“ во соработка со „Вики Клуб Велес“ и Локална библиотека ,,Гоце Делчев” Велес денеска реализираа обука за професори и наставници за уредување и преведување на „Википедија“ на Македонски јазик.
На обуката присуствуваа 17 наставници од основните и средни училишта во општината.
“Наставниците се обучуваа да работат на википедија во создавање на нови статии, преведување на веќе постоечки статии со цел да се зголеми бројот на статии на Википедија на Македонски јазик. Претходно беше отворен „Вики Клуб“ во Велес коишто веќе две години работи со ученици од општинските училишта и забележуваат значителни успеси на создавање на текостови или пак на превод на постоечки статии на Македонски јазик со што придонесуваат за афирмација на мајчиниот јазик во светот”, рече Лили Арсова координаторка на „Вики Клуб Велес“.
Википедија на Македонски јазик веќе брои над 300.000 статии.