Промоцијата ја отвори Директорката на Библиотеката Снежана Бошевска која им посака топло добредојде на гостите. Ја искажа честа што во Библиотеката се присутни докажани имиња од светот на литетратурата и културата од нашата држава.
Водител на промоцијата беше родокрајниот автор Нада Алексова, а стихови од авторот прочита Јасмина Ѓорѓиевска.
Промотор беше писателот Јован Мазгански.- „Колумните на Мендо ги актуелизираат сите случувања на дневно ниво кај нас и во светот. Зачинети со иронија и сатира ја кријат суровата реалност на нашето секојдневие. Со нетпрение не мотивираат да ја прочитаме следната.“-истакна Мазгански.
За содржината на книгата и нејзиното значење зборуваа пистелката Лилјана Стоилковска Андовска и авторката Благојка Филипчева. Секој од својата стручност и област упатија големи пофалби кон творештвото на Мендо Димовски кој што е докажан колумнист, поет и писател.
Ова е седма книга со потпис на овој автор. Во оваа книга – збир од колумни авторот е во потрага на извор на еден долгогодишен проблем на македонскиот народ. Го бара виновникот за самоуништувањето и нуди решение во обединувањето.
Авторот кажа дека во Македонија има доволно инспирација за пишување на колумни. Потенцираше дека се потебни темелни промени во нашите вредности, на концепцијата за дејствување и однесување. Според него силата е во нашето обединување и единствено дејствување. Така сигурно ќе го зачуваме идентитетот и јазикот.