Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовирана сликовницата „Кошница со овошје“ од авторката Сања Стојанова.
Ова е нејзино прво дело со кое навлегува во светот на творештвото, кое треба да роди љубопитност кај најмалите.
 
Промотор на сликовницата беше писателот Панче Коцев, додека дизајнот на илустрациите е дело на Надица Златкова Митевска, графички дизајнер и илустратор со долгогодишно работно искуство.
 
„По толку години пишување и несигурност во себе што да го означи мојот почеток во оваа насока, по толку подеми и падови, се гордеам со себе што го напишав ова првенче. Се надевам ќе ви се допадне и вам“, рече авторката Сања Стојанова.