ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КАЛЕНДАР ЗА ГОДИНИТЕ ШТО ПОМИНАЛЕ“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ
Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со Општина Велес, ја организираше промоцијата на најновото книжевно новороденче од мајсторската работилница на Трајче Кацаров – „Календар за годините што поминале“ во издание на издавачката „Дијалог“. Промоцијата која се одржа во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ започна со поздравен говор на директорот на библиотеката Игор Крајчев, кој за оваа прилика прочита и неколку песни од Кацаров со кои сакаше да им го доближи на присутните промовираниот автор. Промотивниот говор за книгата беше дело на д-р Христо Петрески кој се темелно се осврна на ова книжевно дело во кое препозна една нова креација на Кацаров која ја нарече – колумна есеј. На крајот, своја реч имаше и авторот кој им се заблагодари на присутните и топло ја препорача книгата „Календар за годините што поминале“ и истата ја нарече книга за сите времиња.
Со промоцијата на оваа книга продолжува праксата на промовирање на врвни дела од врвни македонски автори, пракса која ќе продолжи и во текот на целата година.