Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Христо Петрески, добитникот на Рациновото признание за 2012 година, во Велес за прв пат ја промовираше својата најнова поетска книга насловена „Погрешен човек“. Книгата содржи точно 57 песни кои имаат за цел да ги симболизираат годините на Петрески. Во книгата се е во знакот на погрешното, погрешна вода, филозофија, дрво, песна, односно се’ е погрешно или ништо не е погрешно. Ова е сериозен, ангажиран ракопис кој што полемизира што е погрешно а што не, затоа што луѓето постојано мислат дека прават погрешни работи или пак дека се на погрешно место и накратко во книгата тоа е она што го третирам, нагласи Петрески.
Книгата „Погрешен човек“ е во издание на издавачката куќа „Матица“ од Скопје и истата ќе се натреварува во конкуренцијата за наградата „Браќа Миладиновци“. Промоторот, Трајче Кацаров упати пофални зборови кон авторот и кон неговото досегашно творештво.
Промоцијата на делото „Погрешен човек“ во Велес се одржа во рамки на летниот саем на книгата кој што Локалната библиотека „Гоце Делчев“ традиционално го организира по повод одржувањето на Рациновите Средби.