ПРОМОЦИЈА НА ПОСТХУМНО ИЗДАДЕНАТА КНИГА НА ТИХО НАЈДОВСКИ

„ЖАРЕНКИ И ЖАЛЕНКИ“

Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес, вечерва во Ликовниот салон во Велес се промовираше постхумно издадената книга на бардот на велешката книжевна сцена – Тихо Најдовски.

По повод осумдесетгодишнината од неговото раѓање и промовирањето на најновата книга, за ликот и делото на Тихо Најдовски, како и за книгата „Жаренки и жаленки“ говореа поетот и писател Бранко Цветковски и проф. Марија Ѓоргиева Димова, а стихови и извадоци од новоиздадената книга читаше поетот и писател Игор Крајчев.

Пред бројната публика пред самиот крај се обрати и сопругата на Тихо, Павлина Најдовска која и беше иницијатор за издавањето на оваа книга. Во знак на постојаното пријателство меѓу Тихо Најдовски и децата, гости на промоцијата беа и учениците од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“, кои ја збогатија промоцијата со прекрасни музички изведби.

VLUU L310 W / Samsung L310 W

VLUU L310 W / Samsung L310 W

VLUU L310 W / Samsung L310 W

VLUU L310 W / Samsung L310 W

VLUU L310 W / Samsung L310 W