На 16.10.2021 год. во Ликовниот салон со почеток во 19 часот се одржа промоцијата на книгата „ Ptica slomjenih krila“ (Птица со скршени крилја) од Хаснија Авдовиќ Зековиќ во организација на Здружението на Бошњаците и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
Ова е второ издание на роднокрајната авторка, член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, која е родена во Горно Оризари, Велес, а живее и твори во Данска. Прво нејзино дело е збирката поезија „ Kažu da vrijeme liječi sve“ ( Велет дека времето лечи сè).
Во присуство на роднини, пријатели, членови на Клубот, соработници, збирката „ Ptica slomjenih krila“ ја промовираше Изета Бабачиќ, извадоци читаа модераторот Алмедин Тариќ и Божидар Јовиќ, а музичката група Doubble и Алма Кицара изведоа неколку музички нумери на босански и на македонски јазик.