КОРИСНИЦИ

КОРИСНИЦИ

Врз основа на член 27, став 3, од Законот за библиотеките и член 14 од Статутот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес , Управниот одбор на својата редовна седница одржана на ден 14.12.2022г. во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес ја донесе следнава:

ОДЛУКА

за усвојување на Правилникот за начинот и висината на надомест за користење
на услугите на Библиотеката

Член 1

Право на членување во Библиотеката има секој жител на Општина Велес. Зачленувањето се врши со лична исправа (лична карта или патна исправа). Маполетните се зачленуваат со присуство на родител/старател.

Член 2

Висината на членарината за 2023 година во Одделот за деца ќе изнесува 200.00 денари и притоа ќе се наплатува 10,00 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга, енциклопедии, сликовници и друг материјал.

Член 3

Висината на членарината за 2023 година во Одделот за возрасни ќе изнесува 200,00 денари и притоа ќе се наплатува 20.00 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга, за користење на Службен весник на РМ, периодика, речници, енциклопедиски изданија, стручни книги и др.

Член 4

Висината на членарината за 202Згодина во организациската единица Градско ќе изнесува 200,00 денари и 10,00 денари за амортизација за секоја позајмена книга.

Член 5

За сите Оддели ќе важат следниве правила:
-Се издаваат најмногу по три книги на едно позајмување кои можат да се задржат најмногу 15 дена од денот на позајмувањето.

-Можност за продолжување на рокот за позајмување, уште 15 работни дена со јавување преку телефон, преку личниот профил на СОВISS или на шалтер за што наплаќа нова (амортизација) заемнина.

-Задоцнина изнесува 2,00 денари дневно за примерок по истекот на периодот за амортизација(заемнина).

– Во спучај членот да не ја врати книгата навреме, се испраќа опомена.

-Прва опомена изнесува 10,00 денари, втора опомена изнесува 20,00 денари, трета опомена изнесува 30,00 денари и четврта опомена изнесува 50,00 денари. Потоа членот има забрана за зајмување книги се додека не се раздопжат невратените.

-Резервација на книга изнесува 10,00 денари.

-За изгубена членска карта се известува Библиотеката. За да се направи нова изнесува 10,00 денари.

Член 6

Сите членови на Библиотеката ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Библиотеката, како што е користење на посакуваната книга во читалната

Член 7

-Зачленувањето на социјалните случаеви како и лицата со посебни потреби е бесппатно со напомена дека членството започнува од 1.1.2023 година до 31.12.2023 година и за нив важат правилата од член 5.

Член 8 

-Децата од предучилишна возраст и учениците од прво одделение ќе бидат ослободени од плаќање на годишна чланарина а ќе важат правилата од Член 5, со напомена да се позајмува литература соодветна за возраста на овие корисници.

Член 9

-Членарината за 2023 година се однесува од денот на зачленување до истиот период наредната година. Членската карта може да ја користи само носителот на кого таа гпаси и има важност 1 (една) година.

Член 10

Правото за позајмица на библиотечен материјал е неотуѓиво, што значи дека со членската карта освен зачленетото лице, друго лице не може да користи услуги. Секој член може да ги користи услугите на Библиотеката само за лични потреби. Корисникот не може позајмениот материјал да го позајми на некој друг, ниту пак може да го пренесе на друго лице.

Членот нема да биде услужен ако не ја носи членската карта.

Член 11

Оштетената книга членот е должен да ја замени со иста таква, или да ја поправи штетата. За изгубена книга или друг библиотечен материјал корисникот е должен да донесе идентичен примерок со изгубениот или да ја плати вредноста на изгубениот материјал по формирање на стручна комиија и одредување на висината за надоместок. Висината се утврдува врз основа на пазарната вредност на уништениот материјал со „плата на банкарска сметка на Библиотеката. Комисијата по истражување на пазарот ја формира цената и одлучува за начинот на внесување на новата книга во системот.

Член 12

Правилникот стапува на сила на 1.1.2023 година.

Ценовник:

Годишна членарина за сите оддели……… ……………………………………………………………………………………………200,00 денари

Амортизација (заемнина) во Одделот за деца……………………………………………………………………………………….. 10,00 денари

Амортизација (заемнина) во Одделот за возрасни …………………………………………………………………………………..20,00 денари

Амортизација (заемнина) во организациска единица Градско………………………………………………………………….. 10,00 денари

Задоцнина по примерок……………………………………………………………………………………………………………………  2.00 денари дневно

Прва опомена………………………………………………………………………………………………………………………………………… ..10,00 денари

Втора опомена………………………………………………………………………………………………………………………………………… 20,00 денари

Трета опомена…………………………………………………………………………………………………………………………………………. 30,00 денари

Четврта опомена………………………………………………………………………………………………………………………………………40,00 денари

Резервација на книга……………………………………………………………………………………………………………………………….. 10,00 денари

Нова членска карта…………………………………………………………………………………………………………………………………. 10,00 денари

Користење услуги за оние кои не се членови…………………………………………………………………………………………… 10,00 денари

 

 

  Право на членувањето во Библиотеката има секој жител на Општина Велес. Зачленувањето се врши со лична исправа (лична карта или патна исправа). Рок на дозволено задржување на изнајмената литература е 14 дена. Работно време: – секој работен  ден  (понеделник-петок) од 8:00 до 16:00;