Следејќи ги трендовите на модерниот живот, аудио книгата зема се поголем замав. Поради темпото на живот , луѓето се повеќе се насочуваат кон слушање на книги во автомобил додека патуваат при рекреативни активности. Затоа реализацијата на овој проект има големо значење не само за слепите лица, туку и за целата популација.

Иако проектот на онлајн аудио изданија започна со скромни очекувања кога започна снимањето на првите аудио книги , денес може да заклучиме дека очекувањата се повеќе кратно надминати. Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес е единствена од локалните библиотеки во државата која има катче за слепи читатели со аудио книги и книги со Браево писмо.

Затоа 3ти Декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност го одбележавме со промоција на 3 нови наслови во аудио форма издадени со финансиска подршка на Министерството за култура. Станува збор за 3 аудио книги за деца „Сон на тркала“ од Стојан Тарапуза,„Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Грдото Пајче од Ханс Кристијан Андерсен.Со оглед на светската пандемија со корона вирусот , библиотеката заклучи дека се зголеми побарувачката за аудио книги и пристапи кон збогатување на катчето со аудио книги.

Промоцијата на истите се одвиваше онлајн.Овие аудио книги ги има во Библиотеката , потоа на веб страницата на библиотеката има линк кон Националниот сојуз за слепите на Македонија www.nssrm.org.mk за бесплатно онлајн преслушување, односно читање.

Поради заедничката долгодишна соработка Библиотеката доби поклон од Здружението за слепи лица од 9 книги со Брајово писмо„20.000 милји под морето“ од Жилн Верн,„Гроб за душата“ од Живко Чинго , „Чија си“ од Сашо Насев,„Милијон маченици“од Ристо Крле, „Дилбер Стана“ од Столе Попов, „Дружината братско стебло“ од Јован Стрезовски, „Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс,„Островот со скриеното богатство“ од Роберт Стивенсон и „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуков. Ефектите од реализација на проктот снимање на аудио книги се следниве -поттикнување на љубовта на децата кон книгите, затоа што со нив е олеснет пристапот кон книгите, истите можат да ги користат и пред да знаат да читаат -зачувување на културното наследство, т.е заштита на книгите од уништување со нивното префрлање во аудио форма, односно дигитализирање.