На 4-ти декември во Ликовниот салон во Велес, во органзиција на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ а под покровителство на Општина Велес, беше промовирана најновото поетско остварување на младата велешка поетеса Јасмина Ѓоргиева, насловено со едноставниот наслов „Дијалог со срцето“.
Ова е трета збирка на младата поетеса, која се јавува како поетски изблик по 18 годишна пауза од пишувањето, откако како средношколка ги објавила своите први две збирки.
Промотор на делото беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, кој истакна дека оваа збирка овозможува едно модернистичко гледиште на современите животни теми, кои се вечни.
Пред полната сала на Ликовниот салон стихови од Јасмина Ѓоргиева читаа Александар Кукулев, како и ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“.