Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес свечено ги доделија наградите од распишаниот конкурс по повод Новата година.

На конкурсот, авторите твореа на темите „Елката што шепоти“ и „Божиќната ѕвезда“, инспирирани од празничната магија, топлината и пораките на добрината.

Награди беа доделени во три категории, со што беше истакната креативноста, оригиналноста и љубовта кон пишаниот збор кај учесниците од различни возрасни групи.

Честитки до сите наградени автори и благодарност до сите учесници кои со своите дела го збогатија празничниот дух и ја потврдија живоста на литературното творештво во Велес. Благодарност до Јасмина Ѓорѓиевска и ресторан ,,Сангрија” што обезбедија новогодишни пакетчиња за сите наградени ученици.