Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа работилница со авторката на делото „Куќата на тетка ми“, Марта Димитров, и ученици од неколку училишта во градот. Афирмација на нашите домашни автори и поттикнување на љубов кон книгата и пишаниот збор кај младите е главната цел на оваа книжевна средба.

На работилницата, учениците ги искажуваа своите впечатоци од прочитаната книга и имаа можност да ја прашаат авторката за некои дилеми поврзани со дејството и со главните ликови.

Ги напишаа пораките кои ги водат кон патот на самоизградување на личноста, а авторката, задоволна од љубопитноста и искреноста на учениците им порача: „Бидете сам свој волшебник! Само така ќе ја живеете својата вистина“.