Во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ се одржа промоција на најновата стихозбирка „Љубовта е животен развој “ од Божидар Јовиќ. Божидар Јовиќ – почитуван велешанец, просветен работник, директор, педагог, општински инспектор, поет, писател, одговорен работник, добар колега и уште многу епитети се споделија од присутните на промоцијата.

Свое видување кон поезијата и стихозбирката даде промоторот Лили Арсова. Присутните ја проследија и презентацијата за 46 години творештво на Јовиќ. Марина Настева како негова долгогодишната колешка и негова соработнича пред присутните се обрати за значењето на Јовиќ како колега, педагог и општински инспектор.

Промоцијата започна со преубавите звуци во пијано изведба на композицијата „Тажен валцер” од страна на Петре Огњанов ученик во ОМУ„Стефан Гајдов“, а свој настап имаше и Мила Јорданова на гитара. Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиевска. Песни од стихозбирката читаа ученици од основните и средните училишта од Велес.

