Во издание на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, неодамна излезе од печат првото авторско дело на роднокрајниот автор, Томе Каратрајков, „Сполај ти животе“.
Емотивна вистинска приказна за еден човек кој барајќи подобар живот заминал за Париз, далеку од својата фамилија. Барајќи се себеси, го изгубил семејството.
Библиотека– За почеток да ја запознаеме јавноста, кој е Томе Каратрајков?
„Јас сум Томе Каратрајков од Велес, родител на две деца, пензионер, а по струка агроном. Во писателски води сум нов. Кон крајот на минатата година излезе од печат моето прво дело, романот „Сполај ти животе“. Романот се потготвуваше неколку години наназад. Бидејќи имам афинитети за раскажување, добра тема, па од тука дојде идејата за да го напишам ова дело, за кое многу се гордеам и сум задоволен и од изработената насловна стран, па се до содржината внатре во книгата.
Библиотека- „Сполај ти животе“ е наслов на вашето прво дело. Од каде идејата да се напише вакво дело и да зачекорите во писателските води?
„Самата приказна го донесе насловот на романот. Сполај ти е македонски израз, кој што значи повеќе од благодарам, така јас го сфаќам. Приказната е доста емотивна, се работи за вистинска приказна и настани, инспирирани од моето пошироко семејство.
Библиотека- „Сполај ти животе“ наслов на вашето прво дело. Од каде идејата да се напише вакво дело и да зачекорите во писателските води?
Мотивација и инспрација е потребно да се напише едно вакво дело. Приказнате е од поширокото мое семејство, се работи за главниот лик, кој е мој дедо, на мајка ми вујко, кој што од високите планински села се одважил да отиде на печалба во туѓина, во борба за подобар живот, до светлата на Париз, убави жени, коњи и вино. Човекот барајќи се себеси, ги изгубил и семејството, а на крајот се изгубил и себеси. Интересно за оваа приказна е што главниот лик заминува со параходот од Солун за Америка. Бродот застанува во Марсеј и тој останува таму, се качува во планините, во шумата да сече дрва и останува со години таму. Со почетокот на граѓанската војна во Грција тој губи контакт со своето семејство, кое го напушта родното место. Неможејќи да стапи во контакт со своето семејство, тој на оѓа утеха во убавиот Париз , но тагата и носталгијата постојано била присутна кај него. Иницијална каписла за овој роман е чинот на пронаоѓање на неговиот син, кој дошол во Париз и го нашол во истата кафетерија од каде почнува романот, со истата чаша на вино. „Добар ден, јас сум син ти, односно тате ти ли си? Многу интересен роман, емотивен, во кој има и историски настани, социолошки настани, сведоштва, но сето тоа сум го слушал дома, во семејството и ме поттикнало да ја раскажам приказната. ТПробав преку романот да го раскажама македонскиот синдром на иселување, на страдање. таа тага и носталгија која проткајува низ целиот роман на крајот се затвора со среќен крај. Интересно е што дејството почнува од крајот, да го завртам кругот, од крајот да се враќам кон почетокот, и да се затвори подоцна тој круг. Самото дејство на романот започнува во Париз 1964 година, како главниот лик се сеќава на стариот крај, и полека се враќа назад. Главниот лик во оваа приказна секогаш бара слушател за да ги каже своите маки.
Библиотека- Дали да очекуваме продолжение на ова приказна?
Формата е интересна, и мислам дека ќе продолжам. Ќе има, не класично продолжување, но нешто во таа насока, бидејќи веќе се подготвува нова емотивна приказна. Бидејќи најбитно беше да се започне од некаде, а потоа се надевам дека ќе биде полесно.