Со свеченото доделување на наградите заврши второто издание на Меѓународниот фестивал на сатирата „Џинот“, кој два дена го исполни Велес со хумор, духовитост и уметност. Темата годинава беше „Среќа“, а на конкурсот пристигнаа бројни афоризми од автори од земјата и регионот.

Наградите ги добија

На учесниците им беа доделени дипломи за учество, а тие имаа можност да прочитаат дел од својот репертоар афоризми, внесувајќи уште повеќе хумор и живот во фестивалската атмосфера.

За музичкиот дел се погрижија талентираните ученици од ОМУ „Стефан Гајдов“ – Огнен Ристов, Дејан Наумов, Елена Иванова ,Илина Наумовска и Лина Гаштарска, кои со своите изведби ја збогатија вечерта. Со хумористични настапи и одлична енергија присутните ги забавуваа Лилјана Тричковиќ и Драган Тасевски.

Организатор на фестивалот беше Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес. Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиевска.

