Денес , Локалната библиотека „Гоце Делчев“  Велес ја реализираше активноста „И јас сакам приказна за добра ноќ“  со децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Објект 4 Дизни и воспитувачките Евгенија Андреева и Македонка Јовчевска.

 

Децата имаа можност да ги прелистаат големиот број сликовници, а оние што преку своите родители се дружат со  приказните умееја да ги препознаат нивните омилени јунаци. Од голема важност е редовно да им се читаат различни дела на децата на оваа возраст бидејќи на тој начин не само што придонесуваме за нивниот развој туку и ги учиме за светот и за вредностите во него.

Целите на оваа активност која е дел од проектот „Од книгата научив“ се: поттикнување на љубопитноста кај децата; стекнување навика за слушање  на приказни, песни, сказни; збогатување на  речникот, правилно градење на речениците; развивање љубов  кон книгата.