Во рамките на Велешко лето 2025 во организација на Општина Велес, Библиотеката реализираше работилница „Книга во лето“. Иако летото е време за одмор, прошетки и забава не треба да ги заборавиме и книгите.

Децата беа дел од креативната работилница во која цртаа, боеја, другаруваа и се забавуваа во името на книгата и читањето. На крај им беа поставени прашања поврзани за лектирите кои ги читаат, а за дадени точни одговори беа наградени.