Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и оваа година во период од една недела го организираше летниот саем на книгата и со тоа на поголемиот дел на велешани кои се вљубеници на пишаниот збор им овозможува да ги купат некои од актуелните наслови во литературата моментално на македонскиот пазар. Овогодинешниот летен саем на книгата го отвори директорот на велешката библиотека „Гоце Делчев“ Игор Крајчев кој истакна дека саемот е во чест на Коста Солев Рацин како продолжение на веќе завршените 49-ти „Рацинови Средби“. Саемот трае од 18-ти до 22-ри Јуни а на истиот се претставени штандовите од вкупно 6 издавачки куќи со своите дела кои се со специјален саемски попуст.

Отворањето на саемот се проследи со промоцијата на збирката поезија „Ти во нашaтa мислa“ на велешката поетеса, Марина Стојанова која потенцираше дека главната инспирација за создавањето на збирката е токму Коста Солев Рацин.

Саемот се затвори на 22-ри Јуни со промоцијата на книгата „Погрешен човек“ од годинешниот лауерат на 49-те „Рацинови Средби“ Христо Петрески .

Шесте издавачки куќи кои своите дела ги понудија пред велешани се: Феникс, Култура, Три, Матица, Наша култура и Детска радост.

Последно освежено на Среда, 02 Октомври 2013 19:03