Денеска во Библиотеката ,,Кочо Рацин” во Кичево се одржа Републичкиот натпревар ,,Млади библиотекари” во организација на Библиотекарското друштво на Македонија а поддржан од Министерството за култура и туризам.
 
 
На натпреварот зедоа учество 24 натпреварувачи од исто толку Библиотеки од нашата држава. Нашата Библиотека беше претставувана од ученичката Талиа Павловска од ООУ ,,Васил Главинов” под менторство на Каролина Попова.
 
 
Прво место освои ученичката Ана Цветковска од с.Љубојно Ресен.Второ место ученикот Борис Василев од Радовиш, а третото место и припадна на Теодора Гацовска од Битола.