По повод 9 Ноември-Денот на Општина Велес, Локалната библиотека ,,Гоце Делчев” доби Деветтоноемвриско признание, Благодарница за афирмација на културата во Велес и унапредување на библиотечната дејност.

Искажуваме благодарност до сите наши соработници, личности и институции со коишто заедно придонесуваме Библиотеката да биде топло културно катче во Велес.