На 4-5 јуни 2025 година во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа Меѓународна конференција на тема: „Иновативни библиотечни програми – едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“.

На Конференцијата зедоа учество гости и библиотекари од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и од повеќе библиотеки од нашата држава. Со свој труд учествуваа нашите библиотекари Павлина Најдова и Наташа Брезовска Богоевска.

Средбата е можност за размена на искуство, идеи за унапредување на работата и стекнување на нови знаења.
