Песните, културата, традицијата, обичаите, фолклорот, народните инстументи и носиите се обележје на секој народ кој го прават единствен и посебен, а со тоа да се разликува од другите народи.Токму со овие убавини денес во библиотеката на присустните им се наполнија срцата и душата со топлина, очите со убавини кои се гледаат, а ушите убавини кои се слушаат- традиционални песни и ора. Библиотеката како институција секогаш дава поддршка на оние коишто сакаат да афирмираат културни и образовни позитивни вредности во јавноста. Честитки до нашиот млад и талентиран музичар и уметник Христијан Саздовски кој беше организатор на овој настан.

Од страна на Бобан Трпковски од Тетово беше презентирано културното наследство од Долни полог. Преку видео се запознавме за традицијата, обучаите и обредните песни за празникот Ѓурѓовден.Членови на КУД „Коле Неделковски“ Велес преку ревија ги презентираа носиите од тој регион на Македонија. Бобан Трпковски е раководител на фолклорен ансамбл „Гласоечки Собор“ од Долни полог.

Со музички точки настанот го збогатија и Оркестарот на традициски инструменти од ОМУ „Стефан Гајдов“ под менторство на наставникот Трајче Малинов чиишто поранешен член беше Христијан Саздовски. Христијан сега е средношколец во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, на насоката за традиционална музика и игра.

Од страна на библиотеката беше поставена изложба од книги и литература со оваа тематика.