Нашиот патрон Гоце Делчев ќе рече: „Јас го разбирам светот како поле на културен натпревар меѓу народите“

Токму таа културна наобразба започнува со првиот прочитан збор, со првата разбрана страница во книгата. Храмот на книгата е библиотеката или како што ние милуваме да ја наречеме место каде што се храни умот.

 

Денес по повод Денот на библиотеката се одржа пригодна свеченост во медијатеката.

На програмат зедоа учество авторите на наградените поетски творби од наградениот конкурс на тема „Пред споменикот на Делчев“, Мила Јорданов од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ со „Мазурка“, изведба на гитара и Стефан Ракиџиев „Соната“ од Моцарт, изведба на пијано, ученичката Памела Панова од посебното училиште „Маца Овчарова“ и членовите од балетското студио Анабела.

Книгите се бродови на мислата, кои лутаат по брановите на времето  и внимателно со носат својот скапоцен товар од генерација на генерација