Денес, библиотеката „Гоце Делчев“ беше вистински храм на литературата и местото каде што се испиша едно ново поетско поглавје. Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, со голема чест и радост ги пречекавме членовите на Друштвото на новосадски книжевници.

Со топол поздрав и отворени срца им посакавме добредојде на нашите литературни гости. Искрено се надеваме дека се чувствуваа пријатно и добредојдено во нашиот град. Како што доликува, овој настан не беше само размена на зборови, туку вистинска размена на чувства, мисли и духовна блискост.

Посебна чест му припадна на поетот Христо Петрески, кој прв настапи и симболично застана како поетски мост помеѓу гостите и домаќините – спојувајќи ги световите преку зборови што допираат до секого.

Гостите Селимир Радуловиќ, Мирослав Алексиќ, Сунчица Радуловиќ Торбица, Наташа Бундало Микиќ настапија со своја поезија, облагородувајќи ја атмосферата и пренесувајќи дел од своите светови до сите присутни.

Настапија и нашите домаќини, Родна Јанчева, Нада Алексоска, Божидар Јовиќ, Алија Авдовиќ, Марина Стојанова, Соња Карбева, Јасмина Ѓорѓиева

За музичкиот дел се погрижи младиот пијанист Петар Саздовски со прекрасната изведба на „За Елиза“ од Лудвиг ван Бетовен, додавајќи уште еден слој емоција и уметност на овој поетски мост.

Заедно изградивме мост од зборови напишани од душа – мост кој се протега од Велес до Нови Сад. Тој сведочи дека јазиците можеби се различни, но чувствата што ги споделуваме преку поезијата се универзални.