Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Државниот архив – одделение Велес и Локалната библиотека. Воедно беше отворено историско катче во Медијатеката на библиотеката.
 
Меморандумот го потпишаа Директорката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, Снежана Бошевска и в.д раководител на Државниот архив – одделение Велес, м-р Наумче Ризовски.
 
Протоколот за меѓусебна соработка содржи 30 наслови со 128 книги кои што научните работници,наставниците и професорите по историја, учениците, студентите и граѓаните ќе можат да ги користат за свои потреби.
 
Во иднина ова историско катче ќе се надополнува со нови публикации, зборници и изданија од Државниот архив.