Пред преполната сала во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, за нашите верни читатели, предавање одржа д-р Зоран Крстевски кој зборуваше за мудростите кои стојат на страниците на неговите книги „Излез од криза“ и „ Исцелување на душата“.
Во скоро четиричасовно предавање, д-р Зоран Крстевски, како автор на десет книги кои се едни од најчитаните во Македонија на сите нас ни е познат по неговите предавања и настапи на медиумите каде обработува теми од областа на филозофијата, психологијата и астрологијата.
Во своето предавање д-р Зоран Крстевски, се осврна на повеќе аспекти од современо живеење, сепак тој истакна дека во ова време на стресно и брзо живеење смирениот дух е тоа што треба да го извлечиме од нас, да ги избегнуваме негативните лица, да најдиме наше решение за секоја стресна ситуација и неубавите работи кои ни се случуваат и да подариме внимание и љубов. Само така ќе успееме да најдиме духовен мир и ќе успееме да ја исцелиме душата.
По завршенот предавање присутните можеа да поставуваат прашања околу обработуваните теми.