На 10 октомври, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 11 часот, се одржа промоција на најновата книга на истакнатиот велешки автор и деец, д-р Васил Тоциновски – „Златоусно слово“.
Се работи за научно дело, збирка од есеи кои авторот го сумирал одбележувајќи една епоха од својата научно истражувачка работа, претежно задржувајќи се на својата специјалност, 19-от век, но зафаќајќи и делови од 17 от и раниот 20 век.
Промотори на книгата беа исклучителните познавачи на областа, д-р Васил Дрвошанов и д-р Славчо Ковиловски кои се осврнаа на посебни сегменти од книгата и темелно ги обработија сите нејзини аспекти, покажувајќи и докажувајќи нејзината големина и важност.
Промоцијата се одржа со поддршка на Општина Велес, а истата беше во рамки на општинското чествување на големиот празник 11 Октомври.