Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, денес во Медијатеката на библиотеката беше промовирана стихозбирката „Заемна спокојност“ на Божидар Јовиќ.
Zaemna spokojnost promocija 1
Промоторот Лили Арсова, претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во кој членува и Јовиќ, истакна дека ова е врв на поетски лиризам , кој е своевидна плетенка на авторот во која се гради секоја строфа со мислата, а во зборовите се создава поетска слика со цветна ливада во свеста на личноста.
Авторот Божидар Јовиќ истакна дека преку оваа стихозбирка сака да ја пронајде спокојноста помеѓу луѓето кои што од ден на ден ја губат взаемната доверба, почит, разбирање. Преку стиховите порача на свест и одговорност во животот, на љубовта, почитта, сакањето, бидејќи тоа го одржува човекот во сегашноста и иднината.
Ова е 12 книга на авторот Јовиќ, во издание на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес.
Со свои музички точки, Елена Иванова и Ана Јовановска од Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ Велес, ги разнежнија срцата на присутните. Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиева, додека учениците Теа САмарџиева, Никола Спасев, Кристина Шопова, Мила Јовановска, Александра Чатмова, Изабела Ѓурчиновски, Андреј Димовски, Ана Ѓуровска, Василка Карталова, Марија Бошевска и Искра Ризовска читаа извадоци од стихозбирката.