Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на списанието „Велес“ број 23, во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.
Станува збор за книжевно списание чии единствени теми се Велес и велешани, а автори потписници може да бидат од сите страни на светот. Ова списание се занимава со севкупната историја, традиција и континуитет на велешкото духовно и материјално богатство од најстари времиња па се до денес.
Промотор на списанието беше Васил Тоциновски, додека млади ликовни уметници од ООУ „Блаже Конески“ цртаа на тема Велес.
Учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ читаа дел од творештвото на велешките писатели, додека учениците ос ОМУ „Стефан Гајдов“ го збогатија настанот со изведба на музички точки.
Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ додели благодарници на своите долгогодишни соработници.