Започна со реализација првата промоција од серијата на неколку кои следат годинава, на промоции на дела добитници на Рациново признание. Овој циклус започна со промоција на романот „Јас и Лин, отпосле“ од писателката Ана Стојаноска, кој се закити со престижното Рациново признание во 2017 година.
Промоцијата се одвиваше во форма на книжевен разговор, со неколку циклуси од кратки пасажи, внимателно одбрани од романот, а кои беа совршено интерпретирани од актерите, Васил Зафирчев, Верица Ацеска и Никола Ацески. За дополнителен критички осврт, беше емитуван и краток филм „Филм за еден роман“.