Библиотеката ,,Гоце Делчев”- Велес беше дел од културен настан организиран од ЈОУ библиотеката ,,Ванчо Прке” од Виница промовирајќи го културното наследство преку ликот и делото на Коста Солев Рацин.

Присутните уживаа во стиховите на Рацин, им беше презентирана соодветна литература посветена на поетот и го изгледаа видеозаписот ,,Бесмртниот” наменет за истакнување на ликот и делото на Рацин, а изработен од библиотеката ,,Гоце Делчев”- Велес. Им благодариме на домаќините за убавото гостопримство.

Соработката помеѓу институциите е клучна за културно унапредување на целокупната јавност.
