Локалната библиотека „ Гоце Делчев“ во рамките на Велешко лето, организирано од Општина Велес, реализираше работилница и промоција на книга насловена како „Да се биде дете“ .

Настанот го водеше Кристина Богоевска. Свое обраќање имаше и авторката Наташа Брезовска-Богоевска на книгата „ Да се биде дете“, која е во издание на Бата Прес. Промотори и изведувачи на содржината на книгата беа децата.

За највнимателните следуваа награди ,по дадени точни одговори на поставените прашања. Децата се забавуваа, одговараа и цртаа. Настанот заврши со цртежи врз плочникот на паркот.
