На 24.10.2018 година (среда) во Ликовниот салон во Велес, беше промовирана четвртата поетска збирка на м-р Божидар Јовиќ со наслов “Извори во животот“. Со оваа книга поетот Јовиќ повторно се навраќа на поезијата по минатогодишната промоција на романот „Животна посветеност“.

Промотор на книгата беше м-р Игор Крајчев кој во своето промотивно обраќање истакна: -Зар има нешто кое во исто време е и толку комплицирано е и толку величествено а е доволно вредно за да се испее цела низа стихови, отколку животот. Животот со сите свои подеми и падови, со сите ѕвездени и правливи мигови, со сите насмеввки и солзи е оној неисцрплив, непресушен бунар од кој црпи поетската душа на Божидар Јовиќ. Неговата сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста која опкружува и истата ја пресликува низ стихови, праќајки ја притоа низ себеси во светот.

На промоцијата се читаа стихови од книгата на Јовиќ, а свој настап имаа и професорите од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.