Во чест на Новогодишниот саем на книга, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ пред велешката јавност ја промовираше книгата „Лет 555“ од младиот македонски автор Бобан Богатиновски. За книгата говореше професор Жаклина Свеќарова од Кочани, која истакна дека романескната структура на делата на Богатиновски е значајно освежување на македонска литературна сцена. Богатиновски истакна дека е среќен што токму неговото дело се промовира во Велес, во градот на Рацин и што наидува на одличен прием од читателите