Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Здружението на слепи лица на Велес, на 30 септември ја организираа промоцијата на книгата „Солунските атентатори“ од авторот Јован Бошковски на Брајова азбука, која е прва книга од произлезена од проектот на Општина Велес и Здружението на слепи лица на Велес за набавка на Брајов печатар.
На промоцијата пред присутните се обрати Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев, кој во знак на благодарност од претставникот на Здружението на слепи лица на Велес, Тони Пајдаков, доби примерок од испечатената книга.
Во улога на промотор на новото издание, беше директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Игор Крајчев, кој ја истакна важноста од постоењето на транскрипција на книгите на брајова азбука.